За Нас



- Сите овие години со својата репутација и традиција која е потврдена на нашите простори, им излегуваме во пресрет на сите кои поседуваат моторно возило од било која марка. Сервисот е формиран уште во 1991 година,а се до денес успешно ги прати промените на возниот парк и современите мотори кои континуирано ги лансираат производителите.

- На локација во центарот на Охрид,на површина од 200м2 од кои 100м2 затворен простор, со сите потребни алати и машини ви ги нудиме нашите услуги. Нашиот стручен тим,ке се потруди брзо и ефикасно да го реши проблемот на вашето возило за кое ке добиете и гаранција за извршената услуга. Нашата формула за успех е добриот сооднос на цена-квалитет.

- Во склоп на сервисот АВТОЛОГИСТИКА ви нуди и оригинални резервни делови од познати брендови и скоро сите видови масла, кои исто така може да се вградат во нашиот сервис.

- АВТОЛОГИСТИКА располага со модерна опрема за дијагностика на сите современи возила како бензински така и дизел. Нашиот тим е во можност да во најкраток можен рок ги открие и реши проблемите на вашето возило.

www.avtologistika.mk

Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00