Аквапланинг

AQUAPLANING-HIDROPLANING




AQUAPLANING (HIDROPLANING) е појава која се случува кога возилото со својата тежина не може да ја истисне водата на патот под гумата. Тенкиот слој вода што останува помеѓу гумата и подлаогата предизвикува лизгање на возилото.При критичната брзина обично помеѓу  55-90km/h возилото губи контакт со подлогата и е во опасност да излета од патот. Важната функција на гумата која треба да ја изврши на подлогата прекриена со вода е да низ каналите на газечкиот слој ја истисне водата према надвор.Без овие канали, тенок слој вода останува под гумата и предизвикува губење на контакт со подлогата односно AQUAPLANING. На рамен пат при слаб дожд и при брзина од 95 km/h, гумата има задача да ја истисне водата под контактаната површина чија површина не е поголема од дланката.Секој дел од газечкиот слој на гумата е во контакт со подлогата само 1/150 дел од секунда,а за тоа време мора да го истисни поголемиот дел на вода и да го поврати контактот со подлогата.

ПРИЧИНИ ОД КОИ ДОАЃА ДО AQUAPLANING




Три причини од кои доаѓа до aquaplaning

-Брзина со која возилото се движи

Како се зголемува брзината така се смалува контактот со подлогата,а ризикот од aquaplaning и губење на контрола врз возилото е се поголема.Смалете ја брзината и внимавајте на сообраќајот околу вас.

-Длабочина на шарите

Со трошењето на гумата се смалуваат и каналите и ламелите,што ја намалува способноста да ја истиснува водата и ја зголемува opasnosta od aquaplaning.

-Длабочина на водата

Што е подлабока водата низ која се движите,толку побрзо ке изгубите контакт со подлогата. Како и да е,и танок слој вода е доволен да предизвика пролизгување.


БРЗИНА ПРИ КОЈА ДОАЃА ДО AQUAPLANING




Aquaplaning е резултат на брзо возење по воден пат,толку брзо да гумата не е во состојба да низ одводните канали ја истисне водата.Брзината на која доаѓа aquaplaning не е стриктно одредена,зависи од многу фактори и се движи помеѓу 55-90 km/h.Фактори кои одредуваат на која брзина ке дојде до aquaplaning се:

-ДИМЕНЗИЈА И ОБЛИК НА КОНТАКТНАТА ПОВРШИНА



Ако контактанта површина е поширока во однос на должината,потребна е поголема брзина за
да дојде до aquaplaning.

-КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГАЗЕЧКАТА ПОВРШИНА
Каналите кои се вдлабени на газечкиот дел на гумата служат за истиснување на водата и обезбедува подобар контакт.Што е поголема површината на каналот помала е веројатноста да дојде до aquaplaning.

-ПРИТИСОК ВО ГУМИТЕ
Многу е важно да се придржувате до упатството од производителот.

-ДЛАБОЧИНА НА ВОДАТА
Што е подлабока водата низ која возите поголема е веројатноста за aquaplaning.

-ДЛАБОЧИНА НА ШАРАТА
Како гумата се троши така ослабува контактот со површината.Плитките ламели кои се задолжени за истиснување на водата го губат својството.

-СОСТАВ И СОСТОЈБА НА ВОДАТА
Масло,висока температура,гнасотија и сол мозат да ги променат карактеристиките на водата и нејзината густина.

-ТЕЖИНА НА ВОЗИЛОТО
Ако возилото е лесно,поголема е веројатноста од aquaplaning затоа што возилото ја истиска водата од гумата со помош на својата тежина.

-СОСТОЈБА НА ПАТОТ
Ако површината на патот е рамна полесно мозе да се јави aquaplaning

Ако имате добри гуми и ако сите овие фактори се на ваша страна нема да дојде до aquaplaning при брзина до 90km/h.Ако возите со брзина поголема од 95km/h по пат прекриен со вода сигурно е дека нема да избегнете aquaplaning.Во најлош случај кога ниеден од овие фактори не ви е во прилог aquaplaning може да се јави и на 55km/h.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ

Постојат две работи кои никако не смеете да ги направите:
-Не смеете да ги користите сопирачките
-не смеете да го менувате правецот на движење

Ако почнете да губите контрола над возилото немојте нагло да притискате на сопирачките затоа што со тоа ја уништувате и последната шанса на гумата да ја испумпа водата.Намалете ја брзината додека не осетите добар контакт со подлогата. Воланот држете го цврсто и немојте да вртите туку само потрудете се да го задржите возилото на правецот во кој се движи.Тргнете ја ногата од педалата за гас и почекајте воланот да се врати во нормална положба. Ако веќе морате да кочите направете го тоа со повеќекратни и благи притискања на педалата.Ако вашето возило поседува ABS кочете нормално со континуиран притисок.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00