Контрола на гумите

КОНТРОЛА НА ГУМИТЕ



Гумите се единствениот дел од возилото кое е во постојан контакт со подлогата.Состојбата во која се наоѓаат гумите игра голема улога во вашата безбедност.Неисправните гуми ги смалуваат перформансите на возилото,ја намалува ефикасноста на кочењето,управувањето,забрзувањето и удобноста на возењето.Затоа е неопходно да се грижите за вашите гуми и повремено да ја проверувате нивната исправност.

ШТО ТРЕБА ДА ПРОВЕРИТЕ?



ОПШТА СОСТОЈБА НА ГУМИТЕ-ВИЗУЕЛНА КОНТРОЛА
Кога му приоѓате на вашиот автомобил погледнете ги гумите:
-Дали се издишани?
-Дали на бочниот ѕид има физички оштетувања или деформации?
-дали на газечкиот слој има оштетувања од Чакал или клинци?
-дали возите со клинец забиен во гумата?
-Дали вентилите имаат поклопец?

ПРИТИСОК ВО ГУМИТЕ




-Проверете го притисокот во гумите најмалце еднаш на две недели.
-Мерете го притисокот во гумите кога се ладни.
-Напумпајте ги гумите до степен кој е препорачан од производителот.

Во текот на возењето гумите се загреваат со што доаѓа до зголемен притисок во истите.Затоа притисокот се мери само кога гумите се ладни односно еден сат после возењето.Најдобро е тоа да се направи наутро пред да се стартува возилото.Температурата битно влијае на притисокот во гумите.Ако во гаражата каде го чувате возилото температурата е +20 с а надвор -10 с тогаш притисокот мора да биде 0.3 bar повисок за да имате пропесен притисок надвор.Или за секој промена на температура од 10с треба да го зголемите или намалите притисокот за 0.1 bar. Неправилниот притисок во гумите ја смалува ефикасноста на кочењето, управувањето,забрзувањето и удобноста на возењето.Ако дојде до нагло губење на притисокот во гумата веднаш застанете го вашето возило.Возењето со слаб притисок може да дојде до трајно оштетување на гумата.

ДЛАБОЧИНА НА ШАРИТЕ




Кога гумата е нова длабочината на шарите изнесува 7-8мм.Кога ке падне под 3мм гумата ги губи првобитните својства.

РЕЗЕРВНА ГУМА



Иако не сте ја употребувале,обавезно проверете го притисокот во резервната гума.

СТАРОСТ НА ГУМАТА



Немојте да заборавите дека гумите не смеат да се постари од 6 години.

ВЕНТИЛИ



Повремено контролирајте ги вентилите да не испуштаат воздух,за да не опадне притисокот во гумите.Обавезно ставите нови вентили при промена на гумите.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00