Ротирање на гумите

РОТИРАЊЕ НА ГУМИТЕ



Ротирање на гумите е преместување од една осовина на друга со цел да се постигне рамномерно трошење на истите.Ротацијата е потребно да се изврши поради нееднаквото трошење на гумите на различни позиции на возилото.

Распределбата на тежината на предната и задната осовина кај сите возила е различна,што придонесува за нерамномерно трошење на гумите.Кај возилата со погон на задните тркала тежината е распределена 50:50.Кај возилата со погон на предните тркала диференцијалот се наоѓа напред и предната осовина е по оптеретена,така да распределбата на тежина е 60:40 во корист на предната осовина.Тоа значи дека предните гуми побрзо се трошат затоа што трпат скоро два пати поголемо оптеретување од задните,посебно ако се земе предвид дека предните гуми трпат големо оптеретување при кочење. Затоа кај возилата со преден погон потребно е ротацијата да се врши почесто.

Поради нееднаквата длабочина на шарите на предните гуми во однос на задните,кочењето и управувањето е полошо посебно на влажен пат.Ако не ги ротирате гумите на време ке мора да ги смените предните две заедно така да цело време ке имате гуми со различна длабочина на шарите. Брзите па и спорите свиоци предизвикуваат нееднакво трошење на гумите, посебно предните.Се смета дека десните кривини се пооштри од левите.Во земјите во кој се вози по десна страна,бочниот ѕид на гумата подлежи на поголеми оштетувања затоа што се користи за паркирање покрај пат или тротоар.

Механички проблем на возилото може да биде фактор за оштетување и нермномерно трошење на гумата.Тркалото кое не е центрирано ке биде влечено од страна на другите тркала,така да ке се троши побрзо.Ако тркалата не се балансирани и ако не е извршено центрирање на трапот возилото ке го менува правецот ако го пуштите воланот. Исто така ако притисокот во гумите е различен тие нерамномерно ке се трошат.Ако притисокот во гумата е поголем на трошење ке подлежи средишниот дел,а ако притисокот е под нормала повеке ке се троши надворешниот дел на гумата.Ротацијата во тој случај нема да помогне.

Производителите во прирачникот препорачуваат правило по кое треба да се врши ротација и на колку километри тоа треба да се прави.На пр: GOOD YEAR-7000KM,BRIDGESTONE-5000-8000KM,MICHELIN-7000-10000KM, FULDA-10000-15000KM и тн.така да најдобро е да се придржувате на препораката од производителот.



ПРАВИЛА НА РОТИРАЊЕ


Накрсна ротација

Накрсната ротација дава најдобри резултати и мозе да се применува на секое возило без разлика дали е на преден или заден погон.(ова правило не се однесува за гуми со усмерена шара кој се преместуваа од една на друга осовина на истата страна од возилото).



ВОЗИЛО СО ПОГОН НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА 4X4




Кај овие возила важи ротацијата накрсно на сите четири тркала.



РОТИРАЊЕ НА 5 ГУМИ




Ако имате регуларна резервна гума и сакате да ја вклучите во процесот на ротирање,исправна процедура е да го примените правилото како кај возила со погон на четири тркала.При тоа водете сметка да резервната гума која сакате да ја вклучите биде монтирана на задна десна позиција,а гумата која била на истата позиција ставете ја како резервна.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00