Функција на гумата

ФУНКЦИЈА НА ГУМАТА



Гумата,како единствен дел од автомобилот кој е во постојан контакт со подлогата,врши неколку важни функции од кои зависи безбедноста и удобноста на возењето.

-УПРАВУВАЊЕ
-НОСИВОСТ
-АМОРИЗИРАЊЕ НА УДАРИ
-РОТИРАЊЕ
-ПРЕНОС НА ПОГОНОТ
-ТРАЈНОСТ

УПРАВУВАЊЕ
Задачата која треба да ја извршува гумата е да прецизно го наведува возилото во правец кој го одбрал возачот без обзир на временските услови и состојбата на патот.Стабилноста на возилото зависи од тоа како гумите држат правец. За секое возило производителот одредил колкав треба да е притисокот на воздух во гумите на предна и задна осовина. Почитувањето на упатсвото на производителот и разликата на притисок помеѓу предните и задните гуми ви овозможува полесно управување и идеална стабилност на возилото.

НОСИВОСТ
Гумите го носат возилото во секој момент без разлика дали е во движење или стои во место.Тие мораат да бидат во состојба да го издржат притисокот при забрзување и при кочење.Носивоста на една гума е таква да издржи тежина до 50 пати поголема од сопствената. На секоја гума се наоѓа ознака индекс на оптеретување.На пример:185/65R14 H86 бројот 86 значи дека гумата може да издржи максимално 530kg оптретување

АМОРТИЗИРАЊЕ НА УДАРИ
Гумата има задача да ги амортизира ударите кои потекнуваат од нерамнини или дупки на патот и да ви овозможат удобно возење и трајност на вашиот автомобил.Главна одлика на гумата е големата еластичност посебно вертикална.Еластичноста и исполнетоста со воздух и овозможува на гумата да издржи деформација како последица на удар во препрека или дупка на патот.Пропишаниот воздушен притисок во гумите ви дава комфор,а истовремено и добра управливост.

РОТИРАЊЕ
Ако ротирањето е рамномерно,сигурно и со помал отпор тогаш уживањето во возењето е поголемо а потрошњата на гориво помала.

ПРЕНОС НА ПОГОНОТ
Гумата ја пренесува снагата на моторот.Квалитетот на гумата,која допирна површина со подлогата е колку дланката во голема мера влијае на пренос на силата,забрзување и кочење.

ТРАЈНОСТ
Колку гумата брзо ке се троши односно колку долго ке трае зависи од нејзиниот квалитет и условите во кој е користена (оптеретување на возилото, брзо возење,состојба на патиштата,стилот на возење и др)но и нејзиниот контакт со подлогата.Затоа притисокот во гумите значајно влијае долготрајноста на гумата,па така непрописен притисок секогаш доведува до нерамномерно абење на гумата.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00