Зимски Гуми



М+С ОЗНАКА НА ГУМИТЕ
Ако не го знаете значењето на овие ознаки,знајте дека ни на најголемите европски продавачи ова не им е потполно јасно. Причината е во тоа што во европа не постои законски пропишана дефиниција за зимски гуми. Како и да е,ECE правилата бр.30 EU директива 92/93 и S36 STRASSENVERKEHRS ZULASSUNGS ORDNUNG (германски сообракајни прописи), дефинираат дека зимските гуми требало секогаш да носат ознака M+S,M&S или M.S.Тоа значи дека сите гуми со овие ознаки вклучувајки и некои летни,може да се сметаат за компатибилни за зимски услови. Значи,ознаката M+S не значи дека гумате е зимска,може да е зимска или гума за сите сезони.

M+S ГУМИ СО СИМБОЛ ПЛАНИНА/СНЕГУЛКА



Симболот планина/снегулка потекнува од Канада,од каде е раширена по целиот свет.Оваа ознака е воведена за да им овозможи и на нестручните да разликуваат зимска гума од онаа за сите сезони. Во фебруари 1999 година,здужението на производители на гуми на Канада (RUBBER ASSOCIATION OF CANADA) и Здужението на произвбодители на гуми на Америка (RUBBER MANUFACTURERS ASSOCIATION IN THE US),ја прифатија процедурата за тестирање на гумата во оштри зимски услови на Американското друштво за тестирање на гуми и материјали-AMERICAN SOCIETY FOR TESTING AND MATERIALS (ASTM).Индексот на прилепување на снегот по овај стандард е еднаков или поголем од 110, во однос на референтната гума со индекс 100. Дезенот на газечкиот слој,структурата и материјалот од кој е произведена гумата за оштри зимски услови обезбедуваат подобри зимски возни карактеристики.Према советите на RMA,во областите кои се често погодени од снег треба да се употребуваат овие гуми означени со M+S и симбол планина/снегулка.Оваа ознака моментално е задолжителна само во САД и канада додека во Европа таа не е сеуште регулирана со закон.Американските тестови докажаа дека гумата М+S со симбол планина/снегулка имаат далеку подобри перформанси на снег одколку било која друга гума со ознака М+S БЕЗ симбол планина/снегулка. Кога купувате гума со ознака M+S и симбол планина/снегулка можете да бидите сигурни дека сте купиле ЗИМСКА гума.



ЗОШТО ЗИМСКИ ГУМИ?



За да се заштитите себеси,својата фамилија,автомобилот и сите учесници во сообраќајот морате да имате зимски гуми.Во зимски услови бројот на сообраќајни незгоди е 6 пати поголем отколку во лето.Дознајте нешто повеќе за зимските гуми и се надеваме дека следната зима веке нема да возите со летни гуми.

ИМАЈТЕ НА УМ:Било дали на патот има снег,остатоци од снег или само вода,на зима гумите (летни) имаат слабо прилепување со подлогата и значително послаби перформанси.

Зимските гуми се конструирани така да ефикасно ја истиснуваат водата од патот и така да го смалат ризикот од aquaplaning.Топлината која настанува како резултат на триењето на гумата со подлогата ги топи врвовите на смрзнатите кристали и прави тенок но лизгав слој вода измеѓу гумата и подлогата.Ситните пори (ламели) кои се наоѓаат на газечкиот слој на зимската гума се така конструирани да ефикасно ја истиснуваат водата и да обезбедат поголема стабилност на возилото на влажен пат.  Зимската гума е направена од специјална смеса со додаток на силикон.која многу добро се понаша ниски температури и пружа тивко и пријатно возење.За разлика од летните,зимските гуми не се стврднуваат на ниски температури.Важно е да се напомене дека зимските гуми не се употрбуваат само на снег и мраз туку и на сува подлога кога температурата ке падне под 7 степени.  Зимските гуми имаат многу подобар контакт со подлогата и многу пократок пат на кочење благодарение на смесата и длабоката шара.Према тестовите при кочење на мраз со летни гуми при брзина од 30km/h растојанието на кочење изнесува 68м,додека пак со зимски гуми 57м-сосема доволно да се избегне судар.  Во многу земји со закон е пропишано користење на зимски гуми,а многу скоро тој закон ке се имплементира и кај нас.


-КОРИСТЕТЕ ГИ ЛЕТНИТЕ ГУМИ НА ЛЕТО А ЗИМСКИТЕ НА ЗИМА И КЕ ЗАШТЕДИТЕ

4-ЛЕТНИ И 4-ЗИМСКИ КЕ ВЕ ЧИНАТ ИСТО КАКО 4 ЛЕТНИ ДА ГИ ВОЗИТЕ ПРЕКУ ЦЕЛА ГОДИНА

Да се има 4 летни и 4 зимски гуми монтирани на фелни е многу подобро отколку да се возат летни или зимски преку целата година, затоа што е лесно да се заменат а гумите упола се трошат. Она што ке го платите за нови гуми ке го надокнадите со дупло поголем број поминати километри а ке отстварите и заштеда во поглед на потрошњата на гориво. Ке возите побрзо, поудобно и безбедно, а нема да платите ништо повеќе. Од друга страна ништо не е поважно од вашата БЕЗБЕДНОСТ.


-КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ЗИМСКИ ГУМИ

Зимските гуми не се предвидени само за снег, туку и за различни услови кои владеат на
патиштата и тоа:

-за возење по снег
-за голомразица или потполна замрзнат пат
-за кашест снег и остатоци од снег
-за влажен пат
-за ладен и потполно сув пат
-за многу ниски температури

-СТАВЕТЕ ЗИМСКИ ГУМИ НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА

Најдобро е да ставите зимски гуми на сите четири тркала. Ако сте ставиле само на предна осовина тогаш треба да ставите и на задна.Во спротивно може да дојде до занесување,проклизување па дури и извртување на возилото во кривина.Од друга страна ако ставите зимски гуми на задна осовина тогаш мора и на предна.Во спротивно може да се деси да при вртење во кривина гумите изгубат контакт со подлогата и возилото да продолжи право.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00