Видови гуми

Гуми со ултра високи перформанси (UHP-Ultra High Performance)



Овие гуми се наменети за возачи кои сакаат брза и спортска вожња,на кои високите перформанси и најдоброто возможно прилепување со подлогата им значат далеку повеке од долготрајноста на гумата. Изработени се од мека смеса која овозможува подобар контакт и сигурна и брза вожња во кривини.Од друга страна пак недостаток им е брзо абење и краток век на траење.Шарата на газечкиот дел е дизајнирана така да се постигне максимално добар контакт со подлогата на суво,но не и истиснување на водата во дождливи услови.

Гуми со високи перформанси (HP High Performance)



Гумите со високи перформанси се наменети за градско возење и возење по авто пат.Шарата е со плитки канали, перформансите на влажни услови се полоши а подобри на суво. Карактеристиките на гуми кои одредуваат добри перформанси на сув и воден пат варираат од производител до производител и од модел до модел на истиот производител. Производителите се уште се натпреваруваат кој ке произведе гума со што подобро избалансирани својства за суви и водени услови.

Гума со стандардни перформанси



Гумата со стандардни перформанси наменета е претежно за градско возење и често се наречени гуми за три сезони. Оптимизирани се за топло време било за сув или влажен пат.Немаат добри карактеристики на снег и мраз така да мораат да бидат заменети во зимски услови.Оваа класа на гуми генерално е поевтина од гумите со високи перформанси.


Зимски гуми



Кога температурата ке падне под 7 степени,летните гуми ги губат својствата и е потребно да се заменат со зимски.Поради тоа што условите на патот се поинакви (мраз,снег,кал и вода) потребна е поинаква смеса и целокупен дизајн на гумата.Смесата е по мека на база на силикон,а дезенот по различен-содржи поголем број на ламели,паралелни канали кои се подлабоки и подобро ја истиснуваат водата.Автомобилот е постабилен,контактот е подобар и патот на кочење е пократок. Од друга страна,на повисоки температури брзо се абат и имаат изразито по слаби перформанси отколку во зима па затоа треба да се заменат со летни.

Гума за сите сезони (M+S ALL WEATHER TIRES)



Гумите за сите сезони претставува обид да се направи гума која би била компромис измеѓу добро понашање на сув и влажен пат лето и добро понашање во зимски услови при снег и мраз.Смесата која е наменета за во летни услови не мозе да биде подеднакво добра на снег и мраз.Затоа овие гуми се ЛОШ избор-не се ни добри летни,ни добри зимски гуми.Водечките светски производители на гуми се помалку ги произведуваат.


RunFlat



Runflat или SSR- Self Supporting Run - ознака за гума која нема да се издиши иако е оштетена (механички-надворешно или внатрешно) поради појачани самоподржувачки странични ѕидови на пневнатикот. Возилото во ваков случај иако нема резервна гума може да се управува со умерена брзина 80 км/час до следниот вулканизерки сервис.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00