Речник за Гуми

РЕЧНИК ЗА ГУМИТЕ




-АСИМЕТРИЧНА ШАРА

Кога спротивните шари на газешкиот слој на гумата се различни.



-АКВАПЛАНИНГ (ХИДРОПЛАНИНГ)

Аквапланинг (хидропланинг),е појава која се случува кога водата ке се собере под гумата побрзо отколку што возилото со својата тежина може да ја истисне.Тогаш насобраната вода го подигнува автомобилот и тој плива на танок слој вода кој се формира измеѓу гумата и подлогата.


-БАЛАНСИРАЊЕ

Балансирање е постапка со која се урамнотежува тежината на тркалата на различни страни на една иста осовина додавајки при тоа оловни тегови на фелната.


-БОЧЕН ЗИД НА ГУМАТА

Бошниот зид на гумата е по танок и осетлив на оштетувања за разлика од протекторот.На бошниот зид се наоѓаат податоците за гумата.


-БРЗИНСКИ ИНДЕКС

Ознака со буква која ви ја прикажува максималната брзина на гумата.


-ЦЕНТРИРАЊЕ НА ТРАП

Центрирање на трапот се состои од подесување на аглите на тркалота така да тие се нормални на подлогата (хоризонтала) и меѓусебно паралелни.Целта на центрирањето е да се продолжи векот на гумата и подобро држење правец на автомобилот.


-ДЕЗЕН НА ГУМАТА (ШАРА)

Се состои од канали изработени на газниот слој на гумата.Каналите служат за истиснување на водата и обезбедување добар контакт со подлогата.
-За тврда и сува подлога се избира шара со помал број на канали (поголема допирна површина на гумата со подлогата).
-За тврда и влажна подлога се бира шара со повеке канали која ја истиснува водата и спречува аквапланинг (помала допирна површина на гумата со подлогата).


-ДАТУМ НА ПРОИЗВОДСТВО

Е означен на бочниот дел од гумата.Производителите го прифатија како стандарт за означување четири бројки кои претставуваат недела и година на производство.Пр. ознаката 0201 показува дека гумата е произведена во втората недела во 2001 година.


-D O T

Овај симбол означува услогласеност на производот со безбедносните стандарди на USA Department of transportation.


-ИНДИКАТОР НА ИСТРОШЕНОСТ

На газечкиот слој се наогаат испакнувања во дезенот кои служат за контрола на истрошеноста на гумата.Мозат да бидат во облик на попречни траки,во облик на буквите TWI-Trade Wear Indikator или пак во форма на логото на производителот.Постанува видлив кога шарата ке се истроши,што е знак гумите треба да се заменат.


-ИНДЕКС НА ОПТЕРЕТУВАЊЕ

Ознака со букви која означува максимална носивост по гума во кг.


-КАРКАС

Или телото е основниот дел на гумата.Се состои од повеке слоеви на ткаенина која може да биди изработена од повеке видови на влакна (корд).Каркас обезбедува цврстина и еластичност на гумата.


-КОРД

Гумирани влакна од ткаенина од кои се состои каркасот.Можат да бидат текстилни,вискозни,полиамид или челични.Со процесот на вулканизација влакната на кордот се гумирани и меѓусебно залепени.


-НИСКОПРОФИЛНИ ГУМИ

Термин кој го опишува нискиот дел на зидот во однос на ширината на газечкиот дел.пр 295/25 R22


-PLY RATING

Го означува бројот на слове ткаенина кои го изградуваат каркасот.Гумите за патнички возила имаат 4-6,а за товарните 6-17 слоеви.


-ПЕТА

Е задебелен обрач појачан со челична жица која налегнува на фелната и обезбедува целосно и рамномерно прилепување.


-ПРОТЕКТОР НА ГУМАТА

Е надворешен дел на гумата кој е во постојан контакт со подлогата.Изработен е од цврста гума отпорна на абење.


-ПНЕВМАТИК (ГУМА)

Е надворешен еластичен дел на тркалото кој е во постојан контакт со подлогата.Гумите се исполнуваат со возух а во поново време и со азот.Дене се во употреба тубелес гуми (без внатрешна)


-РАДИЈАЛНИ ГУМИ

Врста на гуми кај кои кордот и каркасот се намотани радијално од раб до раб.Денес скоро на сите патнички возила се користат радијални гуми.Предноста во однос на дијагоналните е во тоа што се по отпорни при удари поекономочни во поглед на конзумација на гориво на возилото.


-RF ИЛИ XL

Rein forced или Extra load - Ова се специјално појачани гуми.Мозат да издржат поголеми оптеретувања од обичните гуми со истите димензии но бараат поголем воздушен притисок.Овие ознаки се наоѓаат на бочниот дел од гумата.


-СЕРИЈА НА ГУМАТА

Број кој означува пропорционалност (aspect ratio) na pr. serija 50.


-СИМЕТРИЧНА ШАРА

Е иста долж целата површина на газечкиот слој,двете половини се исти.


-TEMPERATURE INDIKATOR

Покажува колку е гумата отпорна на зголемена температура.(А) е најголема,(Ц) најмала оцена.


-TUBELESS

Гума без внатрешна полнета со воздух по притисок.Побезбедна е од гумата со внатрешна затоа што во случај на пробушувње возухот од неа истекува споро така да возилото нема нагло да го изгуби правецот на движење.


-TUBETYPE

Гуми со внатрешна.Се помалку се во употреба.


-УСМЕРЕНА ШАРА

Усмерените гуми се коструирани да се ротираат во една насока


-ВЕНТИЛИ

Служат за пумпање и испумпување на гумите.Кај tubeless гумите се прицврстуваат директно на фелната. Поклопецот на вентилот е важен дел кој ја штити внатрешноста на вентилот од прашина и влага.

Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00