Подмачкување на Моторот

ДОБРО ПОДМАЧКУВАЊЕ ЗА ПОДОЛГ ВЕК НА МОТОРОТ



Многумина го занемаруваат редовното контролирање на нивото на моторното масло,а поради тоа доаѓа и до оштетување па и до уништување на моторот. Секој мотор па и нов троши масло.Причината е во тоа што третиот клипен прстен не го брише целокупниот слој на масло од страниците на цилиндарот кој потоа согорева.Дозволена потрошња на масло е од 0.2 до 0.6 % од потрошувачката на гориво или најмногу до половина литар на 1000 км. Маслото се губи и кај вентилите т.е на дихтоните и семеринзите (посебно кај постари мотори).Со тек на време се зголемува губењето односно трошењето на масло во моторот и е прпорачливо да на секое долевање на гориво да се провери и нивото на маслото. Повекето од новите автомобили имаат електронска контрола на нивото на маслото кое се одчитува на инструмент таблата.Но и во тој случај е препорачливо повремено да се проверува нивото рачно. При дотур на масло во моторот не смее да се претерува односно не смее да се прескокне горната граница (max).Секако неколку милиметри не се проблем но ако се претера може да настанат сериозни оштетувања на моторот.Во зимски услови за да може маслото побрзо да ја достигне работната температура пожелно е нивото да биде измеѓу min и max,а во лето на мax.Важно е да маслото редовно се контролира и по потреба да се долева без разлика дали возилото е ново и е во гарантен рок или скоро е правен ремонт.Во овие случаи моторот троши повеке масло отколку кога е разработен.



Препорачливо е да без обзир на препораките на производителот,првото масло да се замени на 10 000 км.Притоа да се замени и филтерот кој во себе содржи нечистотии од од старото масло.Не е добро да се штеди на маслото а уште полошо на филтерот за масло.Неоргиналрн и евтин филтер за масло може да го промени текот на подмачкувањето и да го забрза стареењето на моторот.Таквите филтри имаат значително помал капацитет на филтрирање и само по надворешниот изглед се слични на оргиналите.Грешка прават и оние кои возат со ниво на масло на min, се додека не набават масло идентично на она во моторот.Така се изложуваат на опасност од голем дефект на моторот.Моторните масла може да ги мешате иако немате истоврсно масло.Исклучително е важно да немате дилема околу тоа дали е штетно маслата може да се мешаат. Тоа датира од постарите времиња кога додатоците во моторните масла не биле потполно компатибилни.Денес сите адитиви и масла на пазарот се потполно компатибилни и немаат никакви проблеми со мешањето.Безсмислено е да се грижите околу тоа дали да го замените.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00