Функција на Моторното Масло

ФУНКЦИЈА НА МОТОРНОТО МАСЛО

Автомобилската индустрија е најголем потрошувач на масло. За да се произведе масло кој ги задоволува нормите на новодизајнираните мотори потребни се постојани истрашувања. За нормално да функционира исправно,моторното масло мора да исполни пет услови.

1-ПОДМАЧКУВАЊЕ



Главна функција на моторното масло е да овозможи лесно клизање на една површина по друга т.е да го намали триењето.Со намалувањето на триењето се намалува и трошењето на деловите на моторот и штеди енергија.До најголемо абење во моторот доаѓа при првото палење на моторот-пред маслото да стигне во сите критични делови на моторот. Кога моторот ке се загрее маслото не смее да стане премногу ретко затоа што маслениот филм треба да биде со пресметана дебелина за добро подмачкување.Отпорот на маслото према течењето се нарекува вискозност.Маслото со ниска вискозност обично го нарекуваме ретко а тоа со поголема густо.Влијанието на температурата врз вискозноста на маслото е многу различна и зависи од квалитетот на маслото. Високите цени на синтетичките масла повеќекратно ја надминуваат користа од истите,а и заштедата која ви ја овозможуваат истите.
2-ЛАДЕЊЕ НА МОТОРОТ



Енергетската искористеност на современите мотори се движи околу 40% што значи дека 60% од вкупно развиената топлотна енергија настанува од согоревање на горивото во моторот се носи во околината преку системот за ладење на моторот.Додека горните делови на моторот се ладат пренесувајќи ја топлината на расхлдното средство.движечките делови на моторот како клиповите,лагерите,радилицата,брегастата осовина и сл се ладат со циркулација на маслото.Ако дојде до запушување на маслените канали во моторот,дотокот на масло е намален тогаш и моторот нема да биде правилно разладуван. 

3-ОДРЖУВАЊЕ ЧИСТОТА ВО МОТОРОТ



Заради низа причини горивото во бензинските и дизел мотори не согорева потполно.Еден дел од недосогореното гориво влегува во низа сложени хемиски промени и под одредени услови формира чад и гареж.Поголемиот дел на недосогореното гориво излегува надвор во облик на чад преку издувниот систем,но мал дел се пробива во куќиштето на моторот. Со спојување на чад и вода настанува талог-муљ.Талогот ги затвора маслените канали и со тоа го намалува протокот.

4-ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА



Квалитетното моторно масло го намалува трошењето на деловите на моторот на тој начин что го спречува допирот на клизните поврчини.Покрај тоа може да дојде и до хемиско трошење односно корозија.Јасно е дека моторното масло не предизвикува туку штити од корозија односно од било какви оштетувања кое мозе да ги предизвика вода,киселина или други штетни нечистотии.

5-ОДДРЖУВАЊЕ НА КОМПРЕСИЈАТА



Површината на клипните прстени и ѕидовите на цилиндарот не се идеално мазни.Тоа јасно може да се примети под микроскоп.Тоа е причената зошто во потполно нов или ремонтиран мотор потрошувачката на масло е релативно голема се додека овие површини не се израмнат и му овозможат на маслото подобро да дихтова.Самите прстени неможат никогаш во потполност да го спречат "продувувањето" настанато поради високиот притисок при согорувањето и компресијата во куќиштето на моторот каде владее низок притисок.Моторното масло ги пополнува овие неармнини и значително го бодобрува дихтовањето.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00