Систем за кочење

СИСТЕМ ЗА КОЧЕЊЕ



Еден од најважните предизвици на инжинерите при конструирање на ново возило, е како да се направат ефикасни кочници,при тоа водејќи сметка на типот на возилото неговата намена и цената на коштање.И самите сте сведоци на тоа дека во последните неколку години се појавиа концепти и електронски системи кои го помагаат сигурното и делотворно кочење на денешните модерни автомобили. Еден од првите и револуционерни системи кои злужат за помош при кочењето ABS (Anti lock breaking sistem) кој денес е во употреба во поголемиот дел на возила и полни скоро 30 години одкога е за прв пат употребен.Основата на системот за кочење одсекогаш била иста,така да нема да биде проблем да се објасни основниот принцип на работа на овај многу важен уред.Полуги,хидраулика, глицерин,дискови,добоши се поими со кои сте сигурно многу добро запознаени,а повекето од нив се користат како на старото yugo 45'85 така и на новиот Maybach. И на двата споменати модели морате со нога да притисбете на педалата за кочење за да застаните,но како со релативно мал притисок на педалата може да се застане нешто така големо како автомобил?Тука е и прашањето како со скоро дупло помал притисок на педалата можеме да го застаниме Maybach-от него споменатото Yugo, иако е тој е 1 тон потежок.На крај на текстот ке стане збор и за некој модерни решенија кои злужат како помош на овај систем.Да се запознаеме за почеток со некој основни проблематики од физиката,кој се од голема важност за секој систем за кочење.

Во оваа приказна све се врти околу силата (F).Почетна или основна сила е онаа која ние ја притискаме педалата на кочницата надолу.Но како да таа сила се мултиплицира,и да биде повекекратно јака на самиот диск со помош на кој автомобилот застанува. системот за кочење инкорпорира неколку свои делови за тоа да се изведе.

ВАКУУМ ПУМПА



Основна и конкретна улога на оваа направа е да му ја олесни работата на возачот т.е да ја зголеми силата која се испраќа понатаму кон хидрауличниот систем.Со помош на вакумот кој се добива од погонскиот агрегат (или посебна вакум пумпа кај дизелот),пумпата го произведува потребното појачување на почетната сила.Велам почетната затоа што оваа пумпа се наоѓа одма пред output полугата од самата педала и нема никаква допирна точка со хидрауликата.Еден од основните делови на овај уред е еден мал вентил кој ствара вакум внатре во уредот.Споменатата осовина е во овај уред одвоена па така делот кој е во вакумот имплицира многу поголема сила према output.

ГЛАВЕН ЦИЛИНДАР



Ова е почетен цилиндар со клип од хидрауличниот систем,над кој се наоѓа резервоар со масло за кочење-глицерин.Тој е од сигурносни причини поделен на два дела,а и самиот цилиндар во себе од истите причини содржи два клипа.Значи,ако дојде до истекување на хидрауличната течност (што е најопасна варијаната) нема во потполност да ја изгуби способноста за кочење.Затоа постојат и два одвода од овај цилиндар.Едниот води кон предните тркала а другиот кон задните.Оваа направа содржи исензор кој го известува возачот од опасноста од губење на течноста.Во самиот цилиндар има клипови поставени еден по друг и секој е задолжен за по една од одводните цевки.Со притискање на педалата,прво сме го активирале системот полуга,кој понатаму ја активира и помрднува на напред осовината во вакумот.Вакумот ја мултиплицира оваа сила и неговата output осовина и во ист правец понатаму го активира првиот од двата клипа во главниот цилиндар.Првиот клип се придвижува на напред ис помош на течноста што се наоѓа измеѓу двата клипа го придвижува и вториот.Клиповите совршено дихтоваат на ѕидовите на цилиндарот така да нивното движење и делување на глицеринот е максимално ефикасно.Затоа тие произведуваат иста сила и на тој начин неа ја испракаат понатаму преку одводен систем кој во целост е исполнет со споменатата течност.

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ВЕНТИЛ (КОРЕКТОРЕН ЦИЛИНДАР)




Името мултифункционален вентил го доби поради што се состои од (најчесто) три различни уреди споени во една целина.Двата вода од главниот цилиндар прво наидуваат на вентил кој злужи за правилна распределба на силата на задните односно предните тркала.Овај уред го имаат само возилата кај кои предните сопирачки се со диск,а задните барабан поради познатиот ефект дека дисковите секогаш кочат пред гуртните.Така овај цилиндар на многу кратко време го задржува притисокот кој е наменет за предните тркала.Вториот дел на цилиндарот е всушност една врста прекидач.Од две страни на мултифункционалниот вентил влегува по една цевка од главниот цилиндар.Во средината има мал клип кој ако притисокот попушти на еден од овие два вода,оди лево или десно и така го активира овај прекидач.На крај третиот дел од уредот е вентил кој ја регулира количината на излезниот притисок кој оди кон предните односно задните кочници.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00