Абс

ABS



Anti-lock Braking Sistem или скратено ABS, во превод значи систем против блокирање на кочниците. Се работи за електронски систем кој со помош на сензори прати што се случува со контактот помеѓу пневматикот и подлогата,дали има можност за блокирање на сопирачките,ги контролира сопирачките и управува со нивното работење и понашање.Зошто е важно да не дојде до блокирање на сопирачките односно тркалата при кочење,односно додека возилото има тенденција да го продолжи движењето по инерција. Менувањето на правецот на движење е возможно само ако управувачките тркала ротираат. Ако тркалата се блокираат при кочење тогаш вртењето на воланот е без резултат и возачот губи контрола над возилото. Значи,крајната цел на ABS системот е да го задржите саканиот правец при силно кочење и безбедно да го сопрете возилото.

Историја на ABS Компанијата Teldix GmbH во 1964 год со финансиска поддршка од Bosch,успеа да го конструира системот ABS-1 кој ги даде бараните резултати.Мерцедес во 1978 прв започнува со сериско производство на системот ABS-2.Првиот модел кој имаше чест да го поседува овај систем беше престижната серија "S",кратко потоа и BMW го вградува истиот систем во сеијата "7".
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00