Амортизери

АМОРТИЗЕРИ




Амортизерите имаат улога на поништување (анулирање,ублажување) и прекинување на одредени вибрации и поради тоа имаат голема примена во автомобилите,а најважна примена им е кај суспензијата на возилото.Суспензијата се состои од опруга и амортизер.Задача на опругата е да ја носи каросеријата од возилото и да го спречува пренесувањето на ударите од подлогата на возилото и патниците,а амортизерот го спречува понатамошното собирање или ширење на опругата.Ги пригушува вибрациите кои инаку би се пренесувале на каросеријата,и спречува одвојување на тркалото од подлогата (подскокнување).Затоа секој пар опруги и амортизери треба да биде пажливо вскладен,затоа што тие се клучни делови на предната и задната суспензија и важен фактор за безбедно возење. Кај неисправните амортизери тркалото се одвојува од подлогата (подскокнува) и возилото станува нестабилно на пат затоа што на подлогата не се пренесуваат силата на забрзување,кочење или бочните сили при управување во свиок.Поради тоа се продолжува патот на кочење,возилото (не држи) на пат,а вибрациите кои се штетни (психички-визички) влијаат на возачот т.е нарушен е конфорот во возењето.



Како да утврдите дека амортизерите ви се лоши.

-Автомобилот ве занесува и ниша во кривина.
-При бочен ветар губи правец на движење.
-При кочење,заринкува или одскокнува од патот.
-При преминување на нерамнина (легнат полицаец) не престанува да се ниша.
-Воланот вибрира за време на возењето.
-Гумите нерамномерно се трошат.
-На амортизерите се појавуваат траги од масло.

Кога ке приметите некој од овие симптоми,дојдете кај нас.Нашиот стручен тим ке ги изврши неопходните проверки и состојбата на амортизерите и ке Ви препорача решение за вашиот проблем. Амортизерите секогаш се менуваат во пар,за автомобилот да остане стабилен,затоа што само тогаш имаат исти пригушни особини. Нашиот срвис ви нуди писмена гаранција од 1,2 и 3 години за амортизерите купени и монтирани кај нас.Ви ги нудиме светски познатите брендови: KAYABA,BILSTEIN,SACHS и MONROE.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00