Свеќици

СВЕКИЦА



Свекицата има задача да обезбеди искра при голема температура и притисок кој владеат во цилиндарот. Горниот дел на свекицата е изработен во вид на шестоаголник со помош на кој се врши прицврстувањето на истата. На долниот дел има навој со кој се навртува на главата на моторот.Телото на свекицата е изработено од високо квалитетен челик.Температурата на свекицата не би требало да е пониска од 500 с.Доколку температурата надмине 800 с,доаѓа до извитување на електродата и проблем со самозапалувањето на смесата.Низ средината на свекицата врви централната електрода со висок напон,додека бочната електрода претставува пол.Зазорот помеѓу овие две електроди изнесува 0,5-0,6мм. Постојат свекици со долг и краток навој.Ти се една од значајните компоненти на моторот,а многу ретко можете да сретнете правилно објаснување на овој важен дел на секој мотор.Луѓето секогаш купуваат евтини свекици мислејќи дека тие обавуваат еднаква функција како и секоја друга свекица.

ТОПЛОТЕН БРОЈ
Топлотниот број на свекицата е мерка за брзина на ладењето на врвот на свекицата изразена во број кој го означува типот на свекицата.Тн. топли свекици имаат низок топлотен број со тоа и послабо ладење на врвот и се наменети за мотори од кои се очекува умерени топлотни оптеретувања.Наспроти нив ладните свекици кои имаат повисок топлотен број и брзо ладење на врвот се наменети за топлотно оптеретени мотори.Важно е да се знае дека свекицата не произведува тополина како што многумина мислат туку ја одстранува.Свекицата работи како преносник на несаканата топлина од комората за согорување во системот за ладење.Топлотната моќ се дефинира уште како способност на свекицата да ја разбие топлината.Топлотната моќ нема никаква врска со волтажата која минува низ свекицата.Топлотната моќ зависи од неколку фактори:Должина на средишниот керамички изолатор,можноста да ја впива и пренесува топлината и материјалот од кој е направена централната електрода.

РАБОТЕН ВЕК (кога да се заменат?)
На интезитетот на абење на бочната и централната електрода на свекицата влијае материјалот од кој се изработени,видот на моторот и работните услови.Првата фаза на абење е заоблувањето на ивицата на електродата а потоа и до зголемување на зазорот.Затоа,како свекицата старее така се зголемува напонот потребен за искра, оптеретувајќи ги при тоа елементите на системот за палење. Интервалите на замена на класичните свекици во зависност од моделот на возилото се:Автомобили 15000-20000км, градски автомобили 7000-10000км,моторцикли 3000-5000км,или свекици од друг вид по препорака на производителот. Во секој случај свекицата треба да се замени пред да настане нерамномерно работење на поедини цилиндри.Тоа значи и зголемена потрошувачка на гориво.



ЗАЗОР И ПОДЕСУВАЊЕ



Зазорот на свекицата е најмалото растојание меѓу бочната и централната електрода.Зазорот се подесува со задвижување на бочната електрода,ако е тоа предвидено.Помал или поголем зазор од предвидениот влијае на работењето на свекицата а со тоа и на моторот.Мерењето се прави со лиснат инструмент (шпијун).
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00