Хид - Ксенон

ХИД - Ксенон



Ксенон светлата се релативно нова технологија, со која се постигнува поголемо осветлување од обичните светла,вклучувајќи ги дури и халогените светла. Ксенон светлата произведуваат пет пати повеќе светлина од халогените светла и нивната трајност е десет пати подолга. Се почесто кај автомобилите, халогените светла се заменуваат со Ксенон ХИД.

Инсталирање Ксенон е препорачливо затоа што преминот од светло кон темно кај Ксенон светлата е повеќе дефиниран одколку кај Халогените светла, па поради тоа помалку светлина се одбива од светлата на автомобилот кој ни доаѓа во пресрет. Според тоа овие светла помалку им пречат на возачите, освен кога тие гледаат директно во изворот на светлина. Човечкото око побрзо се адаптира на Ксенон светлината одклолку на халогената светлина.

Ксенон сијалицата е полна со благородни гасови, секако вклучувајќи и Ксенон гас, а се разликува од нормалните сијалици по тоа што нема никакви нишки. Работи така што се пали кога е создаден лак помеѓу двете електроди. Ксенон светлата се нарекуваат уште и (High Intensity Discharge lamps) или ХИД.




Ксенон светлата доаѓаат заедно со електронски стартер и Баласт кои помагаат во започнувањето и одржувањето на лакот помеѓу двете електроди, со што на крај се добива прекрасна светлина.

Баластот е многу важна компонента од Ксенон сетот, бидејќи тој ја конвертира и раководи со високата енергија која им е потребна на Ксенон светилките. Го контролира протокот на енергија и автоматски ги регулира нивоата на енергија. Значи, тој се исклучува кога напонот се заканува да ескалира надвор од прифатливо ниво. Со Ова се осигуруваме дека светилките нема да прегорат или да експлодираат.

Ксенон светлата за автомобили мора да се обележани со "High Intensity Discharge" или "HID" ознака, која означува вистинско штедливо Ксенон светло кое произведува високо количество на светлина.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00