Беспомошни на пат

НЕ ОСТАНУВАЈТЕ БЕСПОМОШНИ НА ПАТ




Одите на море или планирате подолго патување со вашиот автомобил?Не сакате вашиот автомобил да се најде на еден од камионите за шлепање?Тогаш прочитајте некои совети кои ке ви помогнат да не се најдете во таква ситуација.



Долгите патувања,посебно при лоши временски услови,се напорен тест за вашето возило навикнато на кратки патеки и гаражирање.Ако возилото без претходни припреми го изложите на таков напор да влече четири патници и полн багажник по нагорнини и километарски колони,кои обично се формираат на пат кон одморалиштата-многу е веројатно да вашето возило откаже послушност.Како што ни самите не би трчале маратон а да не се припремате за него неколку месеци претходно. Најдобрите и најкорисни информации за вашето возило можете да ги прочитате во брошурата од вашето возило која обично збира прашина во преградите на автомобилот.Не мора да ја прочитате цела меѓутоа разлистајте ја и секогаш имајте ја при рака за да можете брзо да најдете упатство да видите каде на пр се наоѓа резервната гума и како да се стигне до неа,каде е алатот,како да промените сијалица,течности во автомобилот и тн.



Течностите се најчест причинител на дефекти при долги патувања.Прво што треба да направите пред да тргнете на пат е да ја отворите хаубата на моторот и да ја проверите течноста за ладење.Нивото на течноста треба да се наоѓа измеѓу минимим и максимум и ако нивото е ниско дотурете течност и проверете дали некаде истекува.Во никој случај не го отварајте поклопецот на течноста за ладење ако моторот е многу загреан односно има работна температура. Кога сте веќе кај моторот проверете каква е состојбата на маслото.Автомобилот мора да биде на водорамна подлога,а шипката за проверување на нивото на маслото ке ја препознаете по најчесто интензивна боја.Извлечете ја шипката,избришете ја и повторно вратете ја назад.При повторното извлекување нивото на маслото треба да покажува блиску до максимум,а ако тоа не е случај додадете ја потрбната количина на масло.Ако маслото и со силна темна боја одете на сервис и променете го.



Сеуште сте кај моторот?Одлично!Проверете го каишите,кабловите и цревата те заменете ги ако приметите било какво оштетување.Проверете го нивото на течноста за сопирачките па и на средството за чистење на стакла.Пред да ја затворите хаубата сететесе кога последен пат сте го сменале филтерот за воздух.Ако не можете да се сетите тогаш сигурно е време да се замени. Стариот филтер влијае на силата на моторот и потрошњата на гориво.



Ако баш сакате да се моткате околу моторот тогаш проверете го и акумулаторот.Спрема надворешниот изглед тешко дека ке заклучите во каква состојба се наоѓа,но ако приметите дека моторот тешко стартува,ако акумулаторот е постар од пет години,кородирани контакти или некаде истекува киселина тогаш е време за замена.



Време е за проверка на светлата.Иако е изводливо тоа тешко ке го направите сами.Проверете ги жмигавците,кратките и долгите светла,магленките и стоп светлата.Истото важи и за приколката ако планирате да ја влечете.Кога сте веке кај командите на воланот проверете ги и брисачите. Ако неправилно бришат или подскокнуваат заменете ги.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00