Припрема на автомобилот за зима

ПРИПРЕМЕТЕ ГО АВТОМОБИЛОТ ЗА ЗИМА



Проверете ги сопирачките и нивната способност со серија нагли кочења надвор од сообраќај. Автомобилот при нагли кочења не смее да занесува ни на една страна.Променете ја течноста за ладење и во неа додајте адекватна количина 100% антифриз по препорака на производителот. Проверете го издувниот систем дали има истекување на јаглен-моноксид кој е посебно опасен во кога прозорите се затворени.Резервоарот со гориво оддржувајте го континуирано полн.Полупразен или празен резервоар остава повеќе место за кондензација и смрзнување на површинскиот слој. За услови за зимско возење променете ја и течноста за брисачите,а обавезно заменете го моторното масло со ниска стапка на вискозност.Зависно од состојбата заменете го и воздушниот те маслениот филтер. Во зимскиот период како најголема промена доаѓа преминувањето од летни на зимски гуми.Битно е да се одбер вистински сет на гуми од исти производител и да бидат монтирани на сите четири тркала а не само на погонските.Треба да се обрне внимание и на притисокот на гумите бидејќи тој се менува со промената на температурата. Покрај сите овие мерки на претпазливост потребно е во автомобилот да ја имате класичната зимска опрема.Метлици и лопатки за чистење на стаклените површини прекриени со снег,лазнци за снег,склоплива лопата,батерија,сајла за влечење,......



На крај ви препорачуваме дефанзивен стил на возење. Одржувајте доволно расојание од возилото пред вас,прилагодете ги возачките рефлекси според условите на патот. Не изведувајте нагли движења,нагло забрзување или кочење.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00