Штедење на гориво

ШТЕДЕЊЕ НА ГОРИВО



Горивото може да се заштеди само со одржување техничка исправност на автомобилот и начинот на возење. Техничката исправност на автомобилот игра многу важна улога во потрошувачката на гориво,што најдобро се гледа во следнава табела која покажува колку во проценти одредени делови вфлијаат на потрошувачката на гориво.

свекици 8%
платина 7%
палење-предпалење 5%
бомбина 2%
кабли 2%
термостат 1%
карбуратор 2%
саух 10%
филтер за воздух 3%
пумпа за гориво 1%
инсталација за гориво 1%
кумплунг-спојка 8%
вентили 7%
брегаста осовина 16%
компресија 20%
притисок во гумите 4%
вид на гуми 5%
балансирање гуми 2%
вишок на товар 5%
кочници 1%
лагери на тркала 1%
подмачкување 5%
аеродинамика 2%


СТАРТУВАЊЕ НА МОТОРОТ
Пред да го стартувате моторот треба да се притисне спојката (кумплуг) и да се провери дали сите потрошувачи се исклучени.Доколку е ладно треба да се повлече рачката за саух освен ако не е автоматски.

ЗАГРЕВАЊЕ НА МОТОРОТ
Моторот треба што побрзо да постигне работна температура,а таа се постигнува најбрзо во текот на возењето. Штом моторот е стартован после 30 секунди треба полека да тргнете и постепено да го враќате саухот доколку не е автоматски.

ЗАДВИЖУВАЊЕ И ЗАСТАНУВАЊЕ НА ВОЗИЛОТО
При задвижување на возилото на рамен терен не треба да давате многу гас ниту предолго да ја задржувате спојката.Треба да се потрудите што побрзо,со оптимален гас да го ставите возилото во движење.

МЕНУВАЊЕ НА СТЕПЕНИ НА ПРЕНОСОТ
Во што пократок период треба да ја префрлите полугата на менувачот во повисок степен со што помалку задржавање во неутрален положај.Моторот треба да го држите во секој пренос со оптимален број вртежи. При возење во град треба почесто да се менува степенот на пренос.

ДОЗИРАЊЕ НА ГАСТА
Треба да се избегнува нагло и често притискање на педалата за гас.На отворен пат треба што побрзо да се постигне и оддржува оптималната брзина.Треба да се прилагодите на условите на патот за што помалку да ја користите кочницата.

ДОТУР НА ГОРИВО
Најдобро е да се дотура гориво наутро,затоа што е поладно и тогаш горивото е погусто.Лето,кога температурите се високи избегнувајте да го полните резервоарот до врв и непотребно да испарува.




КЛИМА УРЕД
Клима уредот користете го само лето при најголемите жештини а остатокот од годината не го употребувајте.Но,производителите на возила и стручњаците оправдано советуваат да не се исклучува клима уредот преку целата година туку само да се прилагодува температурата.Така се обезбедува подолг век на уредот без често надополнивање на гас во системот,а и компресорот нема да е во опасност да доживее хаварија што е чест случај кај возилата кај кој ретко се употребува.
Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00