Vulco - Брз сервис. За среќен пат

 

- Вулко претставува мултинационален франшизен ланец на брзи сервиси кој е дел од концернот Goodyear, на кого му веруваат возачите на автомобили од цела Европа. Распространет е пред сe во Франција, Белгија, Шпанија, Словенија, Хрватска,Србија и Македонија.

- Вулко им нуди на своите потрошувачи широк асортиман на производи и услуги. Кај Вулко, на едно место, може да се купат пневматици, стручно да се монтираат и балансираат на вашето возило. Според потребите, неговите вработени вршат поправка или замена на амортизери, резервни делови на издувниот и системот за кочење, акумулатори, моторно масло, како и многу други сервисни услуги, зависно од потребите на купувачот.

- Сите услуги се извршуваат на брз и професионален начин. Високиот квалитет и љубезниот персонал преставуваат главна карактеристика на секој сервис на Вулко.

- Ексклузивниот носител на франшизата е GOODYEAR, најголемиот производител на пневматици во светот со над 28 фабрики и 80.000 вработени. На територијата на Република Македонија врши деловни активности во рамките на претставништвата на својата фабрика САВА Тајрс, д.о.о. Крањ – Словенија. 

www.vulco.mk







Автологистика - Вулко - Брз сервис
Тел: 078-33-30-33
Тел: 046-26-55-28
avtologistika.mk@gmail.com
ул. Абас Емин 33
Работно време: 08:00 - 17:00